На денешната седница Владата заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, Скопје, да ја констатира оставката на Васко Ковачевски од должноста член и претседател на Управен одбор, со назив – генерален директор.
За членови на Управниот одбор на Акционерско друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, Скопје, Владата предлага да бидат избрани Васко Стефанов, за член на УО, којшто носи назив- генерален директор и Марија Пејкова – за член на УО – директорка за финансиски работи.