Опозицијата треба да предложи датум и комисија за Договорот за „Бехтел и Енка“

Опозицијата треба да предложи датум и комисија за Договорот за „Бехтел и Енка“

Опозицијата во Собранието на Република Северна Македонија да предложи датуми и надлежна комисија на која ќе биде претставен Договорот за изградба на Коридорите 8и 10Д пред пратениците, било договорено на денешната редовна координација во Парламентот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на 2 мај имаше средба со координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии, но на координациите не присуствуваат претставници на ВМРО-ДПМНЕ, најголемата опозициска партија во Парламентот.

„Ставот на присутните на координацијата е дека, со оглед на тоа што иницијативата е на опозицијата, а опозицијата не присуствува на координација; опозицијата да предложи надлежно тело за разгледување на Договорот до претседателот и да определи датум кога ќе се разгледа Договорот. Веднаш по отворањето на комисиската седница, пратениците ќе се изјаснат за затворање на седницата за јавноста“, се вели во соопштението од координација во Собранието.

Договорот е класифициран, односно само пратениците кои се носители на безбедносен сертификат ќе може да имаат увид во неговата содржина, се наведува во сопштението,

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска преку објава на својот Фејсбук профил посочува дека владејачкото мнозинство во Собранието, како што пишува, ќе се обиде на координација да наоѓа изговори како пратениците да не го добијат Договорот со „Бехтел и Енка“.

„Во Собранието денеска владејачкото мнозинство ќе се обиде на координација да наоѓа изговори како пратениците да не го добијат коруптивниот Договор за прескапите автопати и на која Комисија би требало да се разгледува. Иако за втората тема нема дилеми, Комисијата за транспорт е надлежното работно тело кое разгледува материјали за изградба на инвестициски објекти во транспортот и патниот сообраќај. Секоја друга импровизација ќе биде само уште еден обид овој Договор да се држи во тајност“, вели Милошоски.
Проектот за изградба на четири автопати од Коридорите 8 и 10д од самиот почеток го следат контроверзии. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор. Првиот обид пропадна поради руска врска, а и вториот се поврзува со скандали со фирмите за надзор. Но и покрај сомнежите , Владата и Бехтел и Енка го потпишаa договорот.
Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Работата за предлог законот за родова еднаквост, врз основа на кој е предвиден овој секретаријат, …