СДСМ

СДСМ: ДПМНЕ е партијата што дала 86 концесии за рудници

Соопштение за јавност на СДСМ, реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада предводена од ДПМНЕ, Никола Груевски и тогашниот негов соработник Христијан Мицкоски и затоа тој треба да престане да ја замајува јавноста со своето лицемерие.

Одлуката е донесена на 16 јуни 2012 година и истата е потпишана од неговиот близок соработник Зоран Ставревски и објавена во службен весник 2012 година.

Јавноста знае дека покрај оваа, ДПМНЕ додели и концесии и за други 85 рудници низ државата.

Не заборава јавноста дека тогашните градоначалници од редовите на ДПМНЕ, градоначалниците на општините Босилово и Ново Село исто така носат одлука за отварање на овој рудник.

Ветувањето за рудници и концесиите беа и едно од главните ветувања на ДПМНЕ и Груевски на парламентарните избори во 2016 година и заради таквите лоши и популистички одлуки на ДПМНЕ, државата е сега ставена во судски лавиринти со години.

СДСМ од прв ден бил против тие рудници и секогаш е против одлуки што граѓаните не ги прифаќаат, во овој случај се работи за отворање на рудници на места каде што тие не ги сакаат.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …