СДСМ: Антиевропската ДПМНЕ со Ќосето ги враќа спомениците на режимот

СДСМ: Антиевропската ДПМНЕ со Ќосето ги враќа спомениците на режимот

Соопштение за јавност на СДСМ

Катастрофа му се случува на Скопје секогаш кога ДПМНЕ и нивни градоначалници го водат Градот.

Скопје две години е град без перпективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект.

И наместо да понуди решенија антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историска контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ.

Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет.
Неговата локација пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт.

Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската антиевропска ДПМНЕ и ништо друго.

СДСМ преку својата советничка група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот, тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …