Совет на општина Прилеп: Нема пари за плата на вработените во „Комуналец“, ВМРО-ДПМНЕ го отфрли предлогот на СДСМ за пренамена на средства

Совет на општина Прилеп: Нема пари за плата на вработените во „Комуналец“, ВМРО-ДПМНЕ го отфрли предлогот на СДСМ за пренамена на средства

На денешната 34 седница на Советот на општина Прилеп, советниците од владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ го отфрли предлог-амандманот на советникот на СДСМ, Александар Китаноски за пренамена на средствата за привремени вработувања во висина од 5.5 милиони денари за плати на вработените во ЈКП „Комуналец“.

Како што рече Китаноски, благодарејќи на лошото менаџирање од страна на директорот Абрашоски, ова јавно претпријатие е доведено пред банкрот.

„Ако Општина Прилеп троши 50 милиони евра за НУЛА реализирани проекти и 700.000 евра за привремени вработувања, тогаш мора да се најдат пари за плата на вработените во јавното комунално претпријатие Комуналец“, рече советникот Китаноски.

Со 15-те гласови „против“ од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, предлогот на советникот Александар Китаноски не беше усвоен.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …