Совет на општина Прилеп

Совет на општина Прилеп: На истекот на тековната година, советниците ќе расправаат за ребаланс на буџетот за 2023 година

Во понеделник, 11-ти декември со почеток во 12:00 часот, Советот на општина Прилеп ќе ја одржи редовната 35-та седница, на која советниците ќе расправаат и за предложениот ребаланс на општинскиот буџет за 2023 година.

За седницата е предложен следниот дневен ред:

  1. Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Прилеп.
  2. Предлог-Решение за верификација на мандат на член на Советот на Општина Прилеп.
  3. Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина.
  4. Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за родова еднаквост.
  5. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година.
  6. Предлог-Одлука за определување на трасата за регулација на Оревоечка рекa, со санација на веќе постоечкото регулирано корито како и продолжување со регулација на коритото пред и по постоечка регулација во рамките на ГУП на град Прилеп, КО Прилеп, Општина Прилеп.
  7. Предлог-Одлука за давање согласност на консолидираната завршна сметка за 2022 година од ЈКП ,,Комуналец” Прилеп и ДООЕЛ ,,Терминал-Комуналец” Прилеп.
  8. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за инвестиции во ЈКП ,,Комуналец” Прилеп, за 2024 година.
  9. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за управување со отпад на територијата на Општина Прилеп, за 2024 година.
  10. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Прилеп, за 2024 година.
  11. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини и Програма за подигање и одржување на зеленило, за 2024 година.
  12. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа и одржување на градските гробишта и капела за 2024 година.
  13. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа на прифатилиште за бездомни кучиња, за 2024 година.
  14. Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Пазари”-Прилеп, за период од 01.07.2023 година до 30.09.2023 година.
  15. Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈПЕД „Енерго Прилеп“ Прилеп, за период од 01.07.2023 година до 30.09.2023 година.
  16. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ЈОУДГ „Наша иднина’’ Прилеп, за 2024 година.
  17. Предлог-Одлука за давање согласност на Правилник за начелата на внатрешна организација на ЈОУДГ „Наша Иднина” – Прилеп.
  18. Предлог-Одлука за давање согласност на Правилник за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Наша Иднина“-Прилеп.
  19. Предлог-Одлука за ослободување од партиципација на вкупно дваесет и пет деца Роми што се во социјален ризик, на возраст од три до шест години за учебната 2023-2024 година, во рамките на проектот ,,Инклузија на деца Роми во предучилишно образование во ЈОУДГ ,,Наша Иднина ‘’-Прилеп.
  20. Предлог-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П. бр.4583/3 КО Прилеп на барање од Звезда Трајческа.
  21. Предлог-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П. бр.3216 КО Ореовец на барање од Мирослав Попоски.
  22. Предлог-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П. бр.1707/1 КО Ореовец на барање Пецо Тодороски.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …