Владата го усвои текстот на Предлогот на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка

Владата го усвои текстот на Предлогот на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка

На вчерашната седница, Владата го утврди и текстот на Предлогот на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка.

Со цел да се надминат правни празнини коишто претставуваат реален предизвик за демократијата и владеењето на правото, како што е посочено во Образложението од предлагачот, Министерството за правда, пристапено е кон уредување на прашањата за конфискација без осудителна пресуда, односно конфискација на имот во граѓанска постапка.

Предложените законски решенија, како што е посочено, се во согласност со документи подготвени од странски и домашни експерти, преку проект на Советот на Европа, а во коишто се оценува дека секое спречување на ланецот на користење имот и имотна корист од кривично дело, за кое има или нема правосилна судска одлука, значи поголем успех на државата да го заштити доброто на заедницата и на поединецот од организираниот криминал и корупција и нечесно стекнување на имот.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …