Зајкова: Бесплатен оброк за сите учениците, бесплатна ексурзија, 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој средношколец

Зајкова: Бесплатен оброк за сите учениците, бесплатна ексурзија, 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој средношколец

-По примерот на студентскиот оброк, кој го користат околу 29.000 студенти, воведуваме бесплатен оброк и за учениците во основните и средните училишта. Воведуваме бесплатен јавен превоз за сите млади лица од прво одделение до дипломирањето, рече Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и коносител на првата изборната едица.

-За подобрување на стандардот на учениците обезбедуваме ваучер насловен како Среќен почеток во износ од 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за  секој нов средношколец. Во секоја учебна година сите ученици од сите општини ќе добијат училишен бонус во месец август или 3.000 денари за материјали и учебни помагала, рече Зајкова.

Во новата програма воведена е и бесплатна едукативна екскурзија во петто одделение со цел подобро запознавање на Македонија. Бесплатна екскурзија во деветто одделение,  Запознај го регионот, со посети во сите соседни држави во регионот и градење на добрососедство.

-Не ги забораваме и матурантите за кои оведуваме бесплатна едукативна екскурзија во европските држави односно Запознај ја Европската Унија. За нас приоритет се сигурни и безбедни училишта и ученици. Трошоците за секој ученик ќе ги сноси државата, потенцираше Зајкова.

Најсилно ќе работиме да го сочуваме менталното здравје кај младите. Затоа ќе  превенираме и  ќе го санкционираме врсничкото насилство (булингот) во македонските училишта. Ги укинуваме студентските такси.

Здрава младина, млади генерации со свој став, гласни и одлучни за своите права. Затоа предвидуваме отворање на младински центри во секоја општина.

-Зелената агенда останува врвен приоритет, бидејќи тоа е еден од предусловите за квалитетен живот во Македонија.

Свесни сме дека мора повеќе и подобро во обезбедувањето на чист воздух и чиста вода за пиење. Овозможуваме воспоставување на функционален систем за регионално управување со отпад и изградба на регионални депонии, а во исто време да се затворат сите нестандардни депонии и отпад. Откажување од зелената агенда нема и затоа оваа Влада беше посветена на енергетска трансформација, потенцираше Зајкова.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …