ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години. Конкретно, повод за оваа остра осуда е најновиот инцидент каде што две момчиња од населба Сингелиќ (Ченто) се брутално претепани од навивачката група „Комити”. Девет дена пред физичкиот напад, „Комити Ченто“ најавија дека „Ченто е подготвено, и се чека знак за јуриш!“.

Се поставува прашањето кој и зошто во време на изборна кампања даде „амин“ за јуриш!? Јасно е како ден дека насилството и омразата по етничка и верска линија се најефикасните и најевтините инвестиции во политичката кариера на добро познати ликови. Радикалните структури во земјава непречено и неказниво шират омраза по етнички, верски и политички основи.

Институциите итно, решително и конечно да се справат и да ги санкционираат сите групи и поединци кои шират омраза и повикуваат на насилство. Овој повик ЦИВИЛ постојано го упатува со години наназад, без оглед на тоа од која страна доаѓа.

Општество во кое одредени групи постојано повикуваат и вршат насилство врз граѓаните, не може да биде здраво. Постојаните повици за екстремно насилство од одредени групи се последица од воспоставената неказнивост, која мора веднаш да престане и да бидат санкционирани сите инволвирани лица, од нарачатели до извршители!

ЦИВИЛ се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …