дожд врнежливо време

Денеска и во следните денови нестабилно време со врнежи од дожд и грмежи

Денеска ќе преовладува променливо облачно време. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта.

Следува период на променливо облачно време со повремени поројни врнежи од дожд проследени со грмежи. Преку ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …