Филипче: ВМРО-ДПМНЕ еднократно ќе го искористи ЗНАМ и потоа ќе го фрли на буниште

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ еднократно ќе го искористи ЗНАМ и потоа ќе го фрли на буниште

На централниот митинг во Струмица кој се одржа вчеравечер, меѓу останатите говореше и носителот на листа во ИЕ 4, д-р Венко Филипче, кој во присуство на граѓаните и симпатизерите порача дека постои подмолна скриена коалиција помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ која сега, како што рече, излезе на виделина.

„Сега веќе се е јасно како ден. Сега веќе е јасно дека ЗНАМ е само сателит на ВМРО-ДПМНЕ кој имал за цел да ја разедини СДСМ, а потоа да си оди во коалиција за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е проект за заслабување на СДСМ, проект кој ќе биде искористен еднократно, а потоа фрлен на буниште. ВМРО-ДПМНЕ ќе го уништи ЗНАМ во најкус рок, откако тој политички ќе му послужи. На ова нè научи историјата, а историјата секогаш се повторува“, рече Филипче за давањето поддршка на другиот табор кој се претставува како социјалдемократски. 

Тој  исто така рече дека е свесен за слабостите во работењето на владата во изминатите години, но потенцираше дека СДСМ никогаш не се откажа од основните постулати на социјалдемократијата, мирот, слободата, еднаквоста и грижата за секој.

Затоа, Филипче во Струмица повика на единство во партијата и мобилизација за поддршката за СДСМ, која како што рече, нема да ги изневери граѓаните бидејќи изборите не се за победа туку за обезбедување на иднината што сите ја заслужуваат.

„Ова е суштинската разлика помеѓу она што го нудиме ние и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ. Ние играме со отворени карти. Вие знаете каде сме, каде одиме и што сакаме да постигнеме. Нема скриени агенди, нема завиени и лажни одговори. ВМРО-ДПМНЕ игра со скриени карти“, потенцираше Филипче.

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …