Силјановска

В недела инаугурација на Силјановска Давкова за претседателка

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Јован Митрески информираат дека чим стигне извештајот на ДИК за конечниот резултат, Митрески ќе ја закаже седницата за в недела во 12 часот

Инаугурацијата на новата претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова ќе се одржи во недела во 12 часот.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Јован Митрески информираат дека откако ќе пристигне официјалниот извештај на Државната изборна комисија (ДИК) за конечниот резултат од претседателските избори, Митрески ќе ја закаже седницата за во недела во 12 часот.

Рокот на ДИК за испраќање на конечните резултати до Собранието е до петок во 19 часот, а рокот за инаугурацијата е до 12 мај (недела) бидејќи тогаш му истекува мандатот на Стево Пендаровски.

Силјановска Давкова ќе положи заклетва пред стариот парламентарен состав. Потоа, Силјановска Давкова ќе му го додели мандатот за формирање нова влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој ја предводеше победничката коалиција „Твоја Македонија“.

Според ДИК, со 99,96 отсто од гласачките ливчиња обработени, Силјановска Давкова освоила 560.744 гласови, односно 65,15 од гласовите, додека Пендаровски освоил 251.755 гласови или 29,25 отсто од вкупните гласови.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Кинескиот изведувач на работите на „историскиот“ автопат Кичево – Охрид поставил услови, а новата Влада …