Мицкоски

Наместо со досегашните 16, Мицкоски предлага Влада со 20 министерства

Идниот мандатар Христијан Мицкоски до Собранието поднесе предлог-закон кој предвидува реорганизација на ресорите во Владата. Предлог-законот предвидува формирање 4 нови министерства, што значи дека наместо досегашните 16, Владата ќе брои 20 министерства.

  1. Министерство за одбрана;
  2. Министерство за внатрешни работи;
  3. Министерство за правда;
  4. Министерство за односи меѓу заедниците;
  5. Министерство за надворешни работи и надворешна трговија;
  6. Министерство за европски прашања;
  7. Министерство за финансии;
  8. Министерство за економија и труд;
  9. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини;
  10. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
  11. Министерство за здравство;
  12. Министерство за образование и наука;
  13. Министерство за социјална политика, демографија и млади;
  14. Министерство за локална самоуправа;
  15. Министерство за култура и туризам;
  16. Министерство за дигитална трансформација;
  17. Министерство за јавна администрација;
  18. Министерство за транспорт;
  19. Министерство за животна средина и просторно планирање и
  20. Министерство за спорт

Покрај 20-те министри, премиерот ќе има и 4 заменици:

  1. Прв заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања;
  2. Заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите;
  3. Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење и
  4. Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции.

Доколку предлог-законот добие „зелено светло“ од најмалку 80 пратеници, тоа значи дека новата Влада ќе ја сочинуваат премиер, четири заменици и 20 министри. Или севкупно, новиот владин состав ќе брои 25 членови.

Прочитајте повеќе

мицкоски

Кузеска: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Најавите дека дополнително ќе се …