Земјава од четврток влегува во портокалова фаза на високи температури

Земјава од четврток влегува во портокалова фаза на високи температури

Од утре дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а на места ќе достигнуваат и 40 степени Целзиусови

Од утре до недела, нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а на места ќе достигнуваат и 40 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека, според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина – портокалово ниво за опасност од високи температури.

Поради понатамошен раст на температурите, од четврток насекаде низ земјава ќе биде активно портокалово ниво.

Прочитајте повеќе

Повеќе Бугари од Македонци на пописот во Албанија

Повеќе Бугари од Македонци на пописот во Албанија

Според резултатите од пописот што ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во Албанија живеат …