Бензинска станица

Од полноќ нови цени на горивата повисоки од 1.5 до 2.5 денари за литар

Од полноќ горивата поскапуваат од 1.5 до 2.5 денари за литар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари, за 2 денара по литар се зголемуваат цените на еуросупер БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство, а дизелот поскапува за 2,5 денари по литар.

Со тоа, еуросупер БС-95 ќе се продава по 82,5 денари, еуросупер БС-98 ќе биде 85 денари, а новата цена на дизелот ќе биде 76,5 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 75 денари за литар, а се зголемува и малопродажната цена на мазутот кој од полноќ ќе се продава по цена од  46,720 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

Јаневска: МОН ги консултира наставниците дали да има само електронски дневник или да се врати и хартиениот

Јаневска: МОН ги консултира наставниците дали да има само електронски дневник или да се врати и хартиениот

Како ќе се изјаснат така и ќе постапиме, но мое мислење е дека сепак, треба …