СДСМ не го плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

СДСМ не го плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Соопштение за јавност на СДСМ

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ. Максим Димитриевски за неколку фотелји и градоначалничка функција стана слуга и продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Срамно и жално е да се гледаат поранешни генерални секретари на СДСМ како министри и послушници во Влада која ја водат луѓе што сакаа да ги убијат нивните довчерашни сопартијци. Срамно е за поранешни пратеници на СДСМ да бидат функционери во власта на Мицкоски. Од тоа вистинските членови на СДСМ се срамат и го осудуваат.

СДСМ не го плашат ќорците на Максим Димитриевски и повиците за поделба на партијата. СДСМ е единствената вистинска опозиција која ќе се бори со сите сили за да се спречува штетните политики на владата на Мицковски и неговиот сателит ЗНАМ. Сега веќе работите се јасни а тројанскиот коњ Димитриевски е откриен. Брзо ќе се соочи со реалноста и гневот кој го насобра од членовите на СДСМ.

Димитриевски замолче како мало дете пред Касами а неговите изблици на лажен патриотизам беа замолчени уште првата недела од неговото слугување на Мицкоски. Толку беше од чукањето во гради и лажните закани дека ќе ја напушти владата во обид да го намали срамот.

Прочитајте повеќе

Трајчулески за 100 дена

Трајчулески: Во овие 100 дена видовме само специјална соработка со Унгарија и стратешка соработка со ДУИ, ништо друго

Во овие 100 дена видовме специјална соработка со Унгарија и специјална стратешка соработка со ДУИ, …