Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец а UV фактор ќе биде висок.
Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.