сдсм

СДСМ: Само Мицкоски и Чак Норис можат за два дена власт да донесат нова инвестиција, доста се китите со туѓи перја

Тажно е да се гледа како Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена сакаат да покажат резултат и не бираат средства за да ги насамарат граѓаните. Но, потценување на интелигенцијата е дека само за два дена Мицкоски поканил, привлекол и договорил било кој нов инвеститор. Ова веројатно го можат само Мицкоски и Чак Норис.

Таков последен пример е инвестицијата на компанијата EPSOTECH, која Мицкоски ја објави како свое големо достигнување. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи инвестициите донесени од СДСМ да се реализираат, бидејќи тоа е добро за државата и граѓаните. Но, сметаме дека е политички простотилук да се тврди дека Владата на СДСМ ништо не работела, а во исто време Мицкоски да не признае дека се фали со наши проекти.

Јавноста треба да знае дека во моментов има шест нови инвестции кои се со завршени договори и спремни за работа. Единствена причина заради која не ги објави СДСМ е да не го наруши изборниот процес. За овие инвестиции се завршени сите процедури и го чекаат последниот филтер во Комисија за заштита на конкурентноста.

Му порачуваме на ВМРО-ДПМНЕ наместо да продава магла и пропагнада, да се фати за работа и да реализира барем нешто свое. Срамно и смешно е два дена по преземањето на власта да промовира инвестиции како свои во услови кога уште немаат ни седнато на фотељите.

Прочитајте повеќе

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

Проценките се дека брза пруга би чинела до 2,5 милијарди евра, а за да биде …