горива бензини

Поскапуваат бензинот и дизелот

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден денар, додека дизелот поскапува за половина денар

Од вечерва на полноќ ќе поскапат бензините, дизел горивото и екстра-лесното масло за домаќинство, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден денар. Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе чини 84 денари за литар, додека 98-октанскиот бензин ќе се продава по цена од 86 денари за литар.

Дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар. Литар Еуродизел од вечерва на бензинските станици ќе се продава по цена од 77 денари, додека маслото за горење ќе се продава за 75,5 денари за литар.

Се зголемува и цената на мазутот, кој од вечерва ќе чини 48,634 денари за килограм.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Зошто новата влада ги крие финансиите?

Зошто новата влада ги крие финансиите?

Платформата на граѓански организации за борба против корупција го осудува оневозможениот пристап на јавноста до …