Спасовски интервју

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваше пред изборите, сега сосема друго

ВМРО ДПМНЕ едно зборуваше и ветуваше пред граѓаните а сега прави сосема друго. И во предизборниот период и во годините од потпишувањето на Преспанскиот договор ВМРО-ДПМНЕ имаше став дека Преспанскиот договор не треба да постои, дури одеше дотаму дека треба да се поништи. Сега слушаме дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор е променета, велат Договорот е реалност – потенцираше пратеникот Оливер Спасовски во дебатата на ТВ 24.

Бидејќи Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека може брзо да се создадат услови да се врати името посочувајќи дека е направено предавство Спасовски му реплицираше:

„ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година зборува за предавства, бара виновници во некој друг, без да придонесува во нити еден државнички процес. Сега имате огромно мнозцинство, повелете поднесете иницијативи, поништете ги договорите вратете го името. Што ве спречува? Сега имате сериозна поддршка од граѓаните, добивате таква поддршка на изборите, на основа на тие работи зошто не го направите тоа? Еве да не бидете вие тие како што ги нарекувате предавници, туку да бидете патриоти? Неодговорно е таквото однесување ниту кон граѓаните ниту кон државата, порача пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски, во емисијата 24 анализа, на телевизија 24.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

СДСМ: Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

Соопштение за јавност на СДСМ После свадба тапани, се реакциите на кабинетот на Силјановска и …