сончево

Сончево и многу топло време, мало заладување за викендот

Времето денес ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, UV факторот ќе биде висок.

Во Скопје сончево и многу топло.

Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Во петок и за време на викендот, а особено во сабота, во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Прочитајте повеќе

Кој ќе го плати зголемувањето на пензиите?

Кој ќе го плати зголемувањето на пензиите?

Зголемувањето на ниските пензии треба да се одвива на друг начин, а не со казнување …