пожар пожари

Утрово активни се девет пожари

Во текот на вчерашниот ден, според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), имало вкупно 30 пожари на отворен простор.

Од нив, утрото активни сè уште девет пожари, 15 се целосно изгаснати.

Шест се ставени под контрола односно се пожари кои сè уште горат, но не може да се шират, соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Приоритет во гаснењето ќе дадат на пожар во општина Чашка каде ќе бидат ангажирани и два хеликоптери, како и 55 војници.

Еден армиски хеликоптер и 30 припадници на Армијата ќе бидат засилување во борбата со пламените јазици во Општина Македонски Брод, кај селата Тажево и Брезница.

Меѓу приоритетните ќе биде и пожар кај селото Фариш, Кавадарци и пожарот на Криволак кон Брегалница.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Кој ќе го плати зголемувањето на пензиите?

Кој ќе го плати зголемувањето на пензиите?

Зголемувањето на ниските пензии треба да се одвива на друг начин, а не со казнување …