израел израелски војници

Израелската војска потврди дека во текот на ноќта билe извршени напади врз магацини со оружје на Хезболах

Израелските воздухопловни сили погодиле две складишта за оружје на Хезболах во јужен Либан

Израелската војска потврди дека во текот на ноќта ги нападнале објектите за складирање оружје на Хезболах. Израелските воздухопловни сили погодиле две складишта за оружје на Хезболах во јужен Либан, со ракети и дополнително оружје, пишува Гардијан. 

Либанската државна новинска агенција (ННА) во саботата објави дека „израелскиот непријател извршил напад“ на градот Адлун, на околу 30 километри од границата со Израел.

Ракетите сè уште експлодираа околу еден час по првичното известување за нападот, соопшти ННА, додавајќи дека во експлозиите биле повредени тројца граѓани и сообраќајот на автопатот што ги поврзува јужните крајбрежни градови Сидон и Тир е прекинат во двата правци.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Најмалку осум загинати во поплавите во Европа

Најмалку осум загинати во поплавите во Европа

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници …