Убиен политичкиоит лидер на Хамас, Исмаил Ханија

Убиен политичкиоит лидер на Хамас, Исмаил Ханија

Во напад во Техеран е убиен еден од најважните лидери на исламистичкиот Хамас – Исмаил Ханија.

Политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, е убиен во напад во Техеран. Неговата смрт во посебни соопштенија ја потврдија и исламистичкиот Хамас и иранските Револуционерни гарди.

„Изутринава е нападната куќата на Исмаил Ханија во Техеран, при што загинаа тој и еден од неговите телохранители. Причината се истражува и ќе биде соопштена наскоро“, соопштија Револуционерните гарди.

Хамас соопшти дека Ханија е убиен во „ппредавнички ционистички напад на неговата куќа во Техеран“.

Исмаил Ханија вчера (30.07) присуствуваше на инаугурацијата на новиот ирански претседател,.

Тој во 2017 година го наследи Калед Мешал на местото шеф на политбирото на Хамас. Тој живееше во егзил и престојуваше во Турција и во Катар.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 450 се повредени во вториот бран експлозии на …