Војска

Зеленски: Украинската армија спроведува офанзива во рускиот регион Курск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат призна дека неговата армија спроведува офанзива во западниот руски регион Курск.

Тој преку видео во саботата рече дека украинската армија ја испраќа војната на „територијата на агресорот“.

Киев започна ненадеен напад во вторникот и брзо напредуваше повеќе од 10 километри во Русија – што го означи најдлабокиот упад откако Москва ја започна војната во Украина во февруари 2022 година.

Фрагменти од проектил паднале врз станбени згради во областа Бровари, која се наоѓа во близина на главниот град. Воената администрација на Киев соопшти дека се активирани системи за воздушна одбрана на градот.

Пет други региони биле нападнати од руски беспилотни летала, според украинските воздухопловни сили.

Градовите низ Украина се редовно погодени од руски воздушни напади од проектили и беспилотни летала. Во последниве денови постои зголемена загриженост кај многу Украинци дека Москва би можела да ги интензивира своите воздушни напади како одговор на неодамнешниот упад на Киев на руска територија во пограничниот регион Курск.

Украина постојано ги повика своите западни сојузници да и обезбедат повеќе системи за противвоздушна одбрана.

Во Русија, регионалниот гувернер на Курск, Алексеј Смирнов, изјави дека 13 лица се повредени од остатоци од соборениот украински проектил што падна врз станбена зграда во текот на ноќта. Двајца од повредените се во тешка состојба, изјави Смирнов на 11 август.

Градоначалникот на регионалниот главен град Курск, Игор Куцак вели дека жителите на деветкатницата требаше да бидат евакуирани во привремени сместувања.

Целиот град беше под тревога за воздушен напад, изјави официјалниот претставник на Телеграм. Тој објави фотографија на која се гледа станбена зграда со издувани прозорци и оштетени балкони.

Во соседниот регион Воронеж, руските власти тврдеа дека остатоците од соборениот беспилотно летало, лансиран од Украина, оштетиле административна зграда и комунален објект во истоимениот главен град на провинцијата. Нема повредени, додаваат оттаму.

Руското Министерство за одбрана на 11 август соопшти дека нејзините единици за противвоздушна одбрана уништиле 16 беспилотни летала лансирани од Украина над регионот Воронеж, додека 14 беспилотни летала и четири тактички балистички ракети биле соборени над регионот Курск.

Тврдењата не можат да бидат независно проверени.

Ненадејниот прекуграничен упад на Украина во Курск на 6 август е опишан како најголем напад на руска територија откако Москва ја започна својата неиспровоцирана, целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 450 се повредени во вториот бран експлозии на …