Полицијата ги разбркала демонстрантите од белградската железница

Полицијата ги разбркала демонстрантите од белградската железница

Во неделата, на 11 август околу 5 часот и 30 минути, полицијата во опрема за немири ги исфрли учесниците на протестот против ископувањето на литиум од железничките станици „Белградски центар – Прокоп“ и „Нови Белград“.

При интервенцијата полициски службеници со штитови ги истуркале граѓаните од станицата „Белградски центар – Прокоп“, јавува новинската агенција Бета.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека „во согласност со законите на Србија и нејзините законски овластувања“ овозможило непречен развој на железничкиот сообраќај.

Со тоа се создадоа услови за нормално функционирање на општествениот живот во интерес на сите граѓани“, се вели во соопштението.

Најавено е и дека полицијата ќе поднесе кривични пријави против сите сторители на кривични дела нарушување на меѓународниот јавен сообраќај и загрозување на безбедноста на граѓаните.

На 10 август учесниците на протестот против ископувањето на литиум во Белград блокираа две железнички станици во главниот град на Србија.

Откако се собраа во центарот и пешачеа до мостот Газела, тие се поделија на две колони и ги блокираа станиците „Белградски центар – Прокоп“ и „Нови Београд“. Дел од граѓаните се симнаа на шините, а возовите беа запрени.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

По експлозиите на стотици електронски уреди, останува нејасно како ќе реагира Хезболах, која ужива поддршка …