Дрон Дронови

Со дронови се откриваат болести на земјоделските култури и се зголемуваат приноси

„AviFly“ e стартап од Ранковце, основан од Дејан Михајлов (33), Мартин Михајлов (31) и Филип Ковилоски (20), кој е специјализиран за прецизно земјоделство со користење на специјализирани дронови и софтвер за откривање болести, но и третман со дронови, за да им помогне на земјоделците да го подобрат управувањето со културите и да ги зголемат приносите

Преку проектот ЕУ за економски раст (EU4EG), над 30 стартапи предводени од млади претприемачи, добија поддршка да се развијат во одржливи бизниси подготвени за инвестиции, информираат од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ). Oттаму велат дека овие стартапи не само што придонесуваат за економскиот раст во државата, туку и решаваат критични прашања како што се климатските промени, безбедноста на храната и управувањето со ресурсите.

Еден од нив е „AviFly“, стартап од Ранковце во североисточниот регион на Северна Македонија, основан од Дејан Михајлов (33), Мартин Михајлов (31) и Филип Ковилоски (20), кои се пример за тоа како младите ги револуционизираат традиционалните индустрии како што е земјоделството. Нивниот стартап е специјализиран за прецизно земјоделство со користење на специјализирани дронови и софтвер за откривање болести, како и третман со дронови, се со цел да им помогне на земјоделците да го подобрат управувањето со културите, да ги зголемат приносите и да ги оптимизираат ресурсите.

„Кај нас просечната возраст на еден земјоделец е 58 години, нивните методи се
традиционални, а тоа го отежнува земјоделството и предизвикува значителни загуби. Со дигиталните технологии и вештачката интелигенција, нашите услуги можат да им помогнат да го намалат 80-90% од употребата на вода и за 40% од употребата на пестициди, а притоа зголемување на жетвата. Употребата на дигитални технологии и вештачка интелигенција го прави земјоделството поефикасно и во исто време е попривлечно за младите земјоделци“, вели Мартин Михајлов, ко-основач на „AviFly“.

Филип Костадиновски (23) и Горјан Спировски (23), основачи на „FixiGo“ од Тетово,
Полошки регион, развиле софтвер кој обработува податоци од сензори за почва, кои работата на фотоволтаици, со цел да ја подобри земјоделската ефикасност. Со
обезбедување на податоци во реално време за условите на почвата, нивната технологија им овозможува на земјоделците да носат информирани одлуки кои ќе ја подобрат продуктивноста и одржливоста. Моментално своите услуги ги нудат на околу 30 земјоделци, а со поддршка од проектот ќе го подобрат софтверот и ќе се прошират на пазарот.

„Употребата на дигитални технологии е од суштинско значење – и сега и во иднина.
Војната во Украина ја истакна ранливоста на земјоделскиот сектор и како глобалните кризи како што се клим атските промени може да го загрозат снабдувањето со храна. Ние веруваме дека инвестициите треба да се насочат кон земјоделството, со фокус на оптимизирање на процесите и искористување на дигиталната технологија за решавање на проблемот со недостигот на работна сила, а младите мотивирани луѓе можат да направат многу во оваа насока“, вели Филип Костадиновски, ко-основач на „FixiGo“.

Проектот ЕУ за економски раст (EU4EG) е кофинансиран од ЕУ и германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатска акција (BMWK), имплементиран од GIZ Северна Македонија и научниот парк АРЕА од Трст, Италија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Деца со посебни потреби

Децата со посебни образовни потреби ги бараат своите асистенти, министерката ја префрла вината на директорите

Додека дел од родителите на децата со посебни потреби тврдат дека образовни асистенти сè уште …