Божиновска

СДСМ: Молк за долгот од 1 милион евра, министерството на Божиновска се посочува како можен извор на корупција

Соопштение за јавност на СДСМ

Две недели тотален молк од Божиновска и Мицкоски за долгот од 1 милион евра кон државната МЕПСО на фирмата  „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“ чиј основач и еден од управителите била токму Сања Божиновска.

Каде се 1 милион евра, де факто пари на граѓаните?

Зошто се кријат информации за овој огромен долг? И зошто Мицкоски ја постави токму Божиновска и дури и направи ново министерство?

Токму ова ново министерство со кое управува сега Божиновска се посочува како можен извор на корупција од страна на Институт кој со години ги следи овие области.

Транспарентност а не криење информации од јавноста е она што веднаш требаше да се направи а потоа и одговорност.

Тоа што Божиновска и Мицкоски кријат за долгот од 1 милион евра отвора сериозни сомнежи.

Според нашите информации фирмата на Божиновска никогаш не ги вратила парите.

А според анкетниот лист, Божиновска поседува недвижнини од речиси еден милион евра, онолку колку што и должи на државата.

Што друго кријат Божиновска и Мицкоски?

Прочитајте повеќе

СДСМ: Гордана Силјановска е недостојна за Претседател

СДСМ: Гордана Силјановска е недостојна за Претседател

Соопштение за јавност на СДСМ По вчерашното интервју на Гордана Силјановска повеќе од јасно е …