Сдсм знаме

СДСМ: ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ се фатени живи – потврдуваат дека информациите за скандалот со Гаши се точни, Тошковски да поднесе оставка

Соопштение за јавност на СДСМ

„Нервозните реакции и напади кон СДСМ од страна ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, само потврдуваат дека се што објави СДСМ во однос на скандалот на Гаши со земањето невеста од Косово е точно.
Наместо да се обидуваат да манипулираат и го пренасочуваат вниманието, треба да одговорат на прашњата кои ги постави СДСМ и за кои јавноста бара одговори. Пред да го објавиме целиот скандал, прашуваме уште еднаш –  Кој дозволил приватни возила непречено да ја поминат границата без контрола заедно со Гаши? Кој бил во тие возила? Кој се возел од сватовите заедно со обезебедувањето во државните возила каде никој освен личното обезедување на Претседателот не смее да се вози? Дали се спремни да ги декласифицираат и објават снимките од граничниот премин?“, се вели во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Истовремено, од СДСМ испратија и реакција на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во која го повикуваат да ги соопшти сите информации со кои располага, во спротивно тоа ќе го направи СДСМ:

Панче Тошковски под притисок на СДСМ денеска ги потврди сите информации кои ги објавивме за пропустите на граничниот премин Блаце. За овие пропусти има тој лично одговорност и би било крајно несериозно таа одговорност да ја префрла на подредените.

Со неговото признание се потврдува дека е направена тешка злоупотреба на граничниот премин Блаце, „пропуштени приватни лица и возила без контрола“, со што скандалот со свадбената поворка на претседателот на Собранието, Африм Гаши доби нови поголеми димензии.

Никој нема одговор на прашањето кој се ја поминал границата и што носеле во приватните возила. Овој скандал, не само што потврдува дека безбедноста на границите е нарушена, туку јасно го открива своеволието на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Но, ова е пред се голем срам за државата и граѓаните.

Уште еднаш повторуваме, министре Тошковски имате 24 часа чесно и доблесно до детал да ги објавите сите информации, во спротивно ќе ги објавиме ние.

Обидот одговорноста да се лоцира во раководителот на смена од страна на Тошковски е наивна и не поминува. Затоа што на овој начин вистинските виновници власта на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН сака да ги заштити.

Прочитајте повеќе

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

По експлозиите на стотици електронски уреди, останува нејасно како ќе реагира Хезболах, која ужива поддршка …