Пожар во најголемата руска рафинерија за нафта во Сибир

Пожар во најголемата руска рафинерија за нафта во Сибир

Голема експлозија ја потресе најголемата руска рафинерија за нафта, лоцирана во сибирскиот град Омск, што предизвика пожар во објектот. Според видео снимките објавени на неколку канали на социјалната платформа Телеграм се гледа како пламен и облаци чад се издигаат од објектот на Газпромнефт.

Од управата на рафинеријата ја потврдија информацијата, велејќи дека пожарот е ставен под контрола. Останува нејасно што точно ја предизвикало експлозијата.

Гувернерот на Омската област извести дека седум лица се хоспитализирани од местото на пожарот. Истражниот комитет отвори истрага за причините за пожарот. Фабриката во Омск е најголемата рафинерија за нафта во Русија. Според јавно достапните податоци, таа преработува околу 22 милиони тони нафта годишно.

Неколку рафинерии за нафта лоцирани во западните региони на Русија се под напади со украински беспилотни летала од јануари годинава. Растојанието од источната граница на Украина до Омск е повеќе од 2.000 километри.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 450 се повредени во вториот бран експлозии на …