УСС: Да продолжи мерката за субвенции за меѓуградски превоз за студенти

УСС: Да продолжи мерката за субвенции за меѓуградски превоз за студенти

Со ова не само што ќе се зголеми студентскиот стандард, туку и ќе биде поголема мотивација за средношколците да се одлучат за студии во друг град, а и постоечките студенти да патуваат во други градови и да ја истражат својата земја, наведуваат во УСС

Покрај иницијалното барање за намалување на цените, апелираме да се продолжи мерката за субвенции за меѓуградски превоз според која за време на изминатата година студентите добиваа до 1.200 денари месечно, пари со кои си купуваа билет за меѓуградски превоз, бараат во Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).

„Ако не е возможно да се продолжи исплата на оваа мерка, во тој случај сметаме дека е потребно да се воведе мерка за намалување на цените на билетите во меѓуградскиот превоз за студенти. Со ова не само што ќе се зголеми студентскиот стандард, туку и ќе биде поголема мотивација за средношколците да се одлучат за студии во друг град, а и постоечките студенти да патуваат во други градови и да ја истражат својата земја“, наведено е во соопштението на УСС.

Оттаму потсетуваат дека ваквата мерка е веќе присутна и во Националата стратегија за млади 2023-2027 година во делот на Образование под точка 4.1.1.2 која гласи: „Донесување одлука за намалување цени на меѓуградскиот автобуски превоз за средношколци и студенти на територијата на цела држава и зголемување на редовноста на линиите”.

Прочитајте повеќе

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Работата за предлог законот за родова еднаквост, врз основа на кој е предвиден овој секретаријат, …