Почнува школската година, градскиот сообраќај во Скопје редуциран

Почнува школската година, градскиот сообраќај во Скопје редуциран

За 245 илјади основци и средношколци денеска почнува новата учебна 2024/25 година. Учебната година ќе трае до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај.

Наставата почнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има само за учениците од неколку училишта каде не е завршена на време реконструкција или набавка на опрема, како клупи и столчиња за учениците.

Министерството за образование и наука информира дека веќе до училиштата испорачало 360 илјади примероци од сите одобрени и испечатени учебници и наставни материјали.

Единствено, во основното образование ќе недостигаат петта година по ред учебници за странски јазици од прво до деветто одделение поради тоа што претходното раководство во МОН ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која се уште трае.

Во меѓувреме јавниотѕ градски превоз во Скопје се одвива со ограничен капацитет. Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Драги Кушовски за МИА дадено изјави дека немаат доволен број на автобуси за да го пополнат летниот возен ред, а камоли зимскиот, и ги повика институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк на ЈСП.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

ЕУ: Помалку пари за Унгарија на Орбан

ЕУ: Помалку пари за Унгарија на Орбан

Како претседавач со ЕУ, Виктор Орбан шест месеци всушност требаше да биде неутрален посредник во …