Коментирајќи го прекинувањето на договорите од страна на актуелната власт на над 800 образовни асистенти, поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска на својот фб профил напиша:
Образовни асистенти за децата со попреченост на првиот училишен ден ќе нема. Ова е дно! На сите над 800 досегашни асистенти договорите им се прекинати. Ќе имало огласи за нови!Која нечувствителност од Весна Јаневска. Нема да ја наречам министерка оти не заслужува! Таа се покажа и до сега дека е неспособна, лоша, без емоции за децата и наставниот кадар (освен за името што ќе заплачеше). Ѓон!Децата со попреченост се навикнати на своите досегашни асистенти. Секоја промена кај нив предизвикува емоционална реакција. Ако не знаете советувајте се со експерти или најдобро со родителите на овие деца. Не сте нормални! Толку!