СДСМ

СДСМ: Брука, ДПМНЕ ги тужи пожарникарите додека тие го ризикуваат животот во гасење пожари

Соопштение за јавност на СДСМ

Новиот директор на Клиничка болнца Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Владко Захариев удри по пожарникарите.

Опомена пред тужба од страна на Клиничката болница во Штип му пристигнала на пожарникар за негово лекување откако за влакно не го изгубил животот во гаснење на пожарите по што морал да се лекува.

ДПМНЕ ги казнува пожарникарите додека тие се единствени кои се борат со пожарите и го ризикуваат својот живот. Скандалозен и недозволив е ваков однос и вакво непочитување.

И додека им фрчат казни од една страна, од друга страна ДПМНЕ им ги замрзна и платите на пожарникарите.

Дури пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не го прифатија амандманот на СДСМ со ребаланост да им се даде награда на пожарникарите за учеството во гасењето на пожарите.

Ниту една награда не сакаат да им дадат на пожарникарите.

Така е сега со новата власт на ВМРО-ДПМНЕ, нема пари за пожарникарите, нема пари за наставниците, професорите, нема пари за работниците. Баш им е гајле.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Гордана Силјановска е недостојна за Претседател

СДСМ: Гордана Силјановска е недостојна за Претседател

Соопштение за јавност на СДСМ По вчерашното интервју на Гордана Силјановска повеќе од јасно е …