москва русија

Најмалку едно лице убиено во украински напади врз Русија

Станбени згради во Москва се запалиле и летови од неколку аеродроми во Москва биле откажани, пренесува Би-би-си

Русија вели оти нивните одбранбени сили собориле најмалку 144 украински беспилотни летала кои таргетирале разни во државата. Најмалку една жена била убиена во нападите, станбени згради во Москва се запалиле и летови од неколку аеродроми во Москва биле откажани, пренесува Би-би-си.

Гувернерот на Москва, Андреј Воробјов, изјави дека неколку станови биле запалени во две високи станбени згради во Раменскоје во Московската област. Информираше дека 46-годишна жена загинала и дека три лица се здобиле со повреди во Раменскоје. Дополнително, 43 лица биле евакуирани во центри за привремено сместување.

Украина сè уште нема коментирано на нападите.

Според руското министерство за одбрана, околу половина од 144 беспилотни летала таргетирале цели во западниот пограничен регион Брјанск, 20 во Москва и 14 во регионот Курск.

Државните медиуми известија дека со биле затворени се четири аеродроми во Москва и биле откажани повеќе од 30 домашни и меѓународни летови.

Во меѓувреме, Украинските воздушни сили соопштија на Телеграм дека собориле 38 од 46 руски беспилотни летала кои ја напаѓале територијата на Украина, вклучувајќи Кијив, Одеса, Керсон, Суми, Харкив и Полтова.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 450 се повредени во вториот бран експлозии на …