Кузеска: Мицкоски излажа дека парите не се од Кина, меѓународни медиуми го потврдија тоа

Кузеска: Мицкоски излажа дека парите не се од Кина, меѓународни медиуми го потврдија тоа

Изјава на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

„Од ден во ден станува се’ појасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат во скратена постапка да го донесат Законот за задолжување. Вчерашните информации во медиумите од истражувањата на реномирани меѓународни медиуми, потврдуваат дека парите за унгарскиот кредит се всушност кинески. Па го прашуваме Мицкоски, зошто ја лажеше јавноста за ова?

Зошто крие кое е потеклото на парите? Зошто крие дека Унгарија всушност се задолжува по понеповолни услови кај Кина за парите кои нас ни ги дава? Тоа е јасен сигнал дека тука има политички интерес.

Покрај ова, законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници. Не се предвидени јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите.

Јасно е дека со оваа власт нема ниту правна држава, ниту транспрентност, ниту отченост, ниту отвореност. Се враќа начинот на владеење како пред 2016 година.

Очигледно власта сака да ја сокрие корупцијата и политичките интереси кои се основа на овој закон.

Без дебата, без информирање на граѓаните, набрзина да го истуркаат скандалозниот и коруптивен Закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција по скратена постапка.

Мицкоски на овој начин си испиша корупција на чело“.

Прочитајте повеќе

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

Либан: Пејџери, воки-токи, па отворена војна?

По експлозиите на стотици електронски уреди, останува нејасно како ќе реагира Хезболах, која ужива поддршка …