украинска војска украина

Наредена евакуација во регион во Русија нападнат од Украина

Наредбата за делумна евакуација на регионот Твер дојде откако украински напад со беспилотни летала предизвика пожар

Беше издадена наредба за делумна евакуација на регионот Твер откако украински напад со беспилотни летала предизвика пожар, пренесува Би-би-си.

Гувернерот на регионот Игор Руденја изјави дека службите за итни случаи во градот Торопетс се обидуваат да го локализираат пожарот. Тој не соопшти дали има загинати.

Новинските агенции „Агенс Франс-прес“ и Ројтерс, повикувајќи се на украински, известуваат дека бил погодено складиште за муниција.

Наводно, на во магацинот биле складирани цистерни со гориво, како и артилериски гранати, балистички проектили и експлозиви. Уништените оружја наводно вределе око 40 милиони долари, пренесува Би-би-си.

Украина веќе со месеци лобира да може да изврши вакви напади врз територијата на Русија со оружја од Западот. Но, во недостиг на дозвола за напаѓе на Русија со странски оружја, Украина го изврши овој напад со оружја од свое производство.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 450 се повредени во вториот бран експлозии на …