Ниски утрински температури, преку денот сончево и релативно топло

Ниски утрински температури, преку денот сончево и релативно топло

Времето денеска ќе биде со посвежо утро, а преку денот сончево и релативно топло, со мала до умерена локална облачност. Дневната температура ќе се движи од 19 до 29 степени Целзиусови.

Следува период на релативно топло време. Утре и во среда ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на температурата.

Прочитајте повеќе

Ивон Величковски

Величковски: ВМРО-ДПМНЕ доктринарно е спротивставена на постоењето на нацијата на Северна Македонија

фејсбук статус на Ивон Величковски Кога партијата е над државата, прашање на време е кога …