Академија Еуроарт фолклор Бугарија

АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ го претстави македонскиот фолклор на фестивал во Бугарија

Овчеполски песни, ора и обичаи, пијанечки сплетови, изворната Копачка и композиции од ,,Портал” се само дел од репертоарот со кој членовите на АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ од Штип – Македонија деновиве се претставија на меѓународен фестивал во Бугарија.

– Во градот Гоце Делчев настапуваме по вторпат, но за првпат сме учесници на Меѓународниот фестивал ,,Фолклорни патеки” во најголемото населено место во благоевградската област, Брезница. Тука сме на покана на градоначалниците на град Гоце Делчев и Брезница со цел продлабочување на поодамна отпочнатата културна соработка. Воодушевени сме од топлиот прием на публиката со громогласни аплаузи и неизнерно благодарни за поканата. Македонските игри, обичаи и песни се, исклучително, одлично беа прифатени од публиката пред која настапивме. Заедно со нашите членови, за време на овој престој, имавме можност да истражиме теренски и нешто повеќе за етничката група Помаци, анализирајќи го нивниот говор, собирајќи информации за нивните обичаи, песни, ора и традиција и воочувајќи ги нивните вешторачни изработки што вредно и активно ги предат, ткаат и плетат и денес – вели проф. д-р Милена Ристова – Михајловска, проектен раководител на АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ.

Покрај членовите на Фолклорната школа на АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ, во склоп на получасовниот настап зедоа учество и нивните долгогодишни соработници од Музичкиот состав ,,Портал”.

– Во Пиринот, во историскиот Неврокоп, а денес градот Гоце Делчев, имавме несекојдневен, а воедно за нас како состав, незаборавен музички концерт. Како претставници на нашиот состав беа тројца наши членови и тоа: јас, Марјан Јанкоски, Ангеле Михајловски и Елена Ѓорѓиевска, како и нашиот подмладок: Марија, Теодора, Војдан, Јоан и Стефан. Се претставивме со неколку мои авторски композиции, меѓу кои и: ,,Мајчинска” и ,,Спасовденско утро”. Поточно, фолклорното авторско музичко творештво на ,,Портал” овојпат беше главната инспирација, за да се реализира овој заеднички концерт и да се создадат кореографии врз нашата музика, а на тој начин достојно да се претстави и нашата Македонија. Упатуваме благодарност до организаторите, а посебно до градоначалникот Владимир Москов – истакна проф. д-р Марјан Јанкоски од ,,Портал”.

Септември и октомври се месеци кога се формираат нови групи – игроорци во АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ.

– Уписите се во тек. Сите кои имаат желба да ни се придружат се добредојдени. Интересно е што се формирани групи за сите возрасти. Со оглед на тоа дека проф. Милена веќе 15 години се занимава со кореографска дејност и фолклорни истражувања, факт е дека низ нејзини ,,раце” имаат поминато над 1000 деца. Дел од тие некогашни деца се веќе мајки со деца, така што формирана е и таква група за мајки и деца. Има групи за деца, за младинци, но и за возрасни и пензионери – рекреативци. Се работи во мали групи, интересот е огромен, а бројките се ограничени, така што ги охтабруваме сите кои се двоумат, да побрзаат да си зафатат место – појаснува Ребека Спасова од АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ.

Инаку, АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ деновиве го одбележа и својот 10 – годишен јубилеј од постоењето. Во текот на сите овие години работи на детектирање и работа со талентирани и надарени деца и млади работи на едукација на младите од областите на: уметностите, фолклорот, односите со јавноста и сл. Во склоп на Академијата функционираат повеќе школи, како и Центар за издавачка дејност.

Прочитајте повеќе

Бугарија усвои декларација за запирање на антибугарската кампања во Северна Македонија

Бугарија усвои декларација за запирање на антибугарската кампања во Северна Македонија

Бугарските пратеници едногласно со 178 гласа „за“ и без расправа донесоа декларација „во врска со …