Многу жртви во поплавите во Босна и Херцеговина

Многу жртви во поплавите во Босна и Херцеговина

Во катастрофалните поплави кои погодија делови од Босна и Херцеговина загинаа најмалку 20 луѓе, а неколку десетици се водат како исчезнати. Само во Долна Јабланица, според податоци на Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон, загинале 16 лица.

Силен дожд и невреме предизвикаа големи поплави и одрони на подрачјето на Јабланица, Коњица, Фојница, Кисељак и Крешево. Најтешко е погодена Долна Јабланица, каде, според дел од босанските медиуми, отпадот насобран во каменоломот предизвикал лавина која затрупала неколку куќи, па цели семејства исчезнале.

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина прогласи вонредна состојба на територијата на тој ентитет, а помош за ранливото население обезбедуваат единиците за цивилна заштита, вооружените сили на Босна и Херцеговина и припадниците на ЕУФОР.

Невообичаено силните дождови почнаа во четвртокот вечерта (3.10). Соседна Хрватска издаде предупредување од можни поплави за северниот дел на крајбрежјето, полуостровот Истра и внатрешноста на земјата.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

За порталите 811 илјади евра од колачот за парламентарните избори

За порталите 811 илјади евра од колачот за парламентарните избори

Од истражувањето што го спроведовме, може да се заклучи дека владее целосен хаос во однос …