Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преговараат со владејачкото мнозинство за уставните измени?

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преговараат со владејачкото мнозинство за уставните измени?

Како што јавува ТВ Телма, шестмина пратеници од ВМРО ДПМНЕ преговараат за можноста да го дадат својот глас за уставни измени. Детали не се откриваат, а информацијата ја потврдиле и од владејачкото мнозинство, од каде велат дека се во постојана комуникација со колегите од противничкиот табор. Мухамед Зеќири, пратеник на СДСМ, изјави дека се разговара со сите пратеници, освен со Никола Груевски.

Од ВМРО ДПМНЕ ниту потврдуваат, ниту демантираат дека имало средби со нивните пратеници. Оттаму информираат дека доколку и имало, средбите биле на ниво на пратеници, но не и на лидерско ниво. Од опозициската партија потврдуваат дека имало средба меѓу Мицкоски и Ахмети, а до евентуална средба со Заев би дошло само доколку тој се согласи да ги исполни нивните барања за техничка влада на 100 дена пред избори, јавен обвинител на предлог од опозицијата и Анкетна комисија за неправилностите од референдумот.

Прочитајте повеќе

Кина гледа простор за влијание во Северна Македонија

Кина гледа простор за влијание во Северна Македонија

Во македонското собрание веќе е стигнат предлог-законот за задолжување на државата со половина милијарда евра …