сончево време

Денеска сончево и потопло, од недела врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови западен, а во источните јужен ветер. Температурата ќе се движи во интервалот од 4 до 14 степени Целзиусови.

Утре во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб дожд. Под влијание на влажен бран, во недела кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Прочитајте повеќе

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Кинескиот изведувач на работите на „историскиот“ автопат Кичево – Охрид поставил услови, а новата Влада …