Крај за песната „Роди ме мајко и фрли ме во управен или надзорен одбор“

Крај за песната „Роди ме мајко и фрли ме во управен или надзорен одбор“

Се стеснува можноста за партиско екипирање на управните и надзорните одбори. Ќе има јавен оглас, бројката на членови ќе се преполови, а се регулира и надоместокот.

Ќе се крати армијата од членови на управни и надзорни одбори избирани без огласи и во многу случаи – без стручни кавалификации. Владата вчера го усвои најавуваниот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија, со кој се преполовува досегашниот број на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија.

Според предложените измени, бројот на членови на управните одбори се намалува од сегашните 15 на 7 членови, односно на 5 членови во општини во кои живеат до 50.000 жители, како и за управните одбори на меѓуопштинско јавно претпријатие. Бројот на членови во надзорните одбори на јавните претпријатија се намалува од сегашните 5 на 3 членови.

Истражувања на повеќе граѓански организации во изминатите години ги отсликаа „сјајот и бедата“ поврзани со нетранспарентниот начин на изборот на овие членови, од кои дел немаат надоместок, но поголемиот дел добиваат суми кои се движат од една третина на просечната плата во земјата, дел колку просечната плата, а некои стигнуваат и до 70.000 денари.

Сега, со предложените измени, ќе се регулира и постапката за избор на членовите, но и висината на надоместокот. Надоместокот за членовите на управните одбори нема да може да биде поголем од половина од просечната плата на вработените во одреденото јавно претпријатие, а надоместокот за членовите на надзорниот одбор нема да може да биде поголем од една третина од просечната плата на вработените во тоа претпријатие. Притоа, се воспоставува целосна транспарентност при постапката за избор на членови, како и мерит процедура при селекцијата и именувањето. За првпат станува законска обврска објавувањето на јавен повик за членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија и тоа на веб-страниците на Владата, општината или Градот Скопје и на веб-страницата на самото јавно претпријатие и тоа три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот состав. Се воведува законска обврска за формирање Комисија за селекција, која на јавен и транспарентен начин ќе ја врши постапката за селекција на сите пријавени кандидати.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Работата за предлог законот за родова еднаквост, врз основа на кој е предвиден овој секретаријат, …