5 ГОДИНИ ПУБЛИКУМ

5 ГОДИНИ ПУБЛИКУМ

ПУБЛИКУМ се појави на денешен ден, во 2016 година.

Во изминатите 5 години не беше ниту лесно, ниту едноставно да се избориме за место под сонцето. А со оглед на прилично турбулентниот период низ кој поминавме и сеуште поминуваме, богами, не беше ниту премногу “конфорно“ да се биде во кожата на тимот на ПУБЛИКУМ.

Но таква е нашата медиумска реалност. И не само македонската. Впрочем, вистината за новинарскиот „леб со седум кори“ и ризикот на новинарската професија, кога таа се работи без калкулации и компромиси, своевремено ја кажа едно од најголемите журналистички пера на балканските простори, Александар Тијаниќ:

„Кога човек веќе има ‘јајца’ да објави некој текст, мора да биде спремен да ги поднесе и последиците на своите зборови. Фигуративно, секој пат кога дигав перо на некој, дигав рака на самиот себе. Не беше едноставно, не беше безболно“. 

Борбата за слобода на говорот е процес кој трае. Идентично како и слободата, ниту таа не се освојува еднаш засекогаш. Затоа, заедно продолжуваме понатаму.

Да се множат годините!

Прочитајте повеќе

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе …