(Видео) Премиерот Ковачевски го пречека германскиот канцелар Шолц со највисоки почести

(Видео) Премиерот Ковачевски го пречека германскиот канцелар Шолц со највисоки почести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на платото пред Владата, го пречека канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц, кој пристигна во еднодневна официјална посета на нашата земја.

Канцеларот Шолц и неговата делегација беа пречекани со највисоки државни и воени почести и со интонирање на државните химни на Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, по што започна работниот дел од посетата.

Во работниот дел од агендата е предвидена тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со канцеларот Шолц, по што ќе следува билатералната средба на двете делегации.

Според агендата, официјалната посета на канцеларот Шолц на нашата земја ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Владата крие под кои услови Синохидро ја повлече тужбата за автопатот Кичево – Охрид

Кинескиот изведувач на работите на „историскиот“ автопат Кичево – Охрид поставил услови, а новата Влада …