Анализа

Различни анализи на теми од општ интерес

Вистиномер: Со стара фотомонтирана насловна страница се обвинува Фаучи дека ја донел СИДА-та во САД

Ентони Фаучи

Уште од стартот на пандемијата доктор Фаучи, националниот американски експерт за инфективни болести е честа мета на дезинформации и критики. Во  обид да се поткопа неговиот кредибилитет се споделува и оваа дигитално изменета фотографија која го става Фаучи во центарот на кризата со СИДА во осумдесеттите години од минатиот век, пишува …

Прочитајте повеќе »

Вистиномер: Не е точно дека вакцинираните против ковид може да се детектираат со блутут апликација

вистиномер блутут вакцини

Не е можно вакцинираните лица да се пронајдат со блутут, бидејќи вакцините против ковид-19 не содржат ниту една состојка која би можела да се детектира преку блутут. Станува збор за уште една теорија на заговор чија цел е да се дискредитираат вакцините како штетни по човековото здравје, пишува „Вистиномер“ во својата …

Прочитајте повеќе »

Вистиномер: Вакцините против ковид не содржат чипови и графен оксид и не предизвикуваат ненадејна смрт

вистиномер ковид смрт

Не е точно дека вакцинацијата против ковид-19 предизвикува зголемена стапка на смртност од синдромот САДС. Фактите говорат дека вакцините против ковид-19 не содржат чипови и графен оксид и тие никако не се поврзани со 5Г технологијата. Нема ниту еден научен факт кој ја поткрепува теоријата дека преку вакцината во телото …

Прочитајте повеќе »

Вистиномер: Не е вистина дека дискус хернија е нов симптом на коронавирусот

дискус хернија

Неточното тврдење искажано во овој пост на Фејсбук, дека тој што има дискус хернија значи дека е заболен од коронавирус, се базира на изјава на доктор Александар Стојановиќ, директор на Здравствениот дом „Палилула“ од Белград, што ја пренесоа повеќе македонски медиуми. Но, доктор Стојановиќ никаде во неговата изјава не спомнува …

Прочитајте повеќе »

Вистиномер: Вакцината на „Фајзер“ за деца под 16 години е регистрирана во Србија во 2021 година

вакцина

Документот што се споделува во текстот на „Коловрт“ е од декември 2020 година кога фајзеровата вакцина не се администрираше на деца под 16 години никаде во светот, затоа што уште не беа завршени клиничките тестирања за таа возрасна група. Тој документ во текстот не се однесува на деца, туку на …

Прочитајте повеќе »

Расте бројот на социјално ранливите лица меѓу невработените во земјава [инфографик]

Расте бројот на социјално ранливите лица меѓу невработените во земјава [инфографик]

Поминаа речиси две години од имплементирањето на проектот „Активација на ранливите групи на пазарот на трудот“, и оттогаш до денес, согласно податоците од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), изработени се 3.075 индивидуални планови за активација на граѓани. Проектот го спроведува Агенцијата за вработување во соработка со центрите …

Прочитајте повеќе »

Вистиномер: Вучиќ не рекол дека Македонија не е моќна како во времето на Груевски

Вучиќ

Вучиќ никаде не кажал дека „Македонија не е моќна како во времето на Груевски“, како што тоа се тврди  во насловот на текстот што е споделен  во овој пост. Самиот напис се однесува на изјавата на Вучиќ дадена во насока на меѓусебна помош во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Во …

Прочитајте повеќе »

Контраспин: Непостоечки економски геноцид и наводни спасувачки блокади на институциите – спин до спин во говорот на Мицкоски

Контраспин: Непостоечки економски геноцид и наводни спасувачки блокади на институциите – спин до спин во говорот на Мицкоски

Иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како што вели во својот говор, самиот се смета за „прв меѓу еднаквите кој ја добил големата одговорност да го предводи народот со бајракот на слободата кон промени и подобра иднина за нашата Македонија“, во својот говор, кој изобилуваше со спинови, не даде доволно …

Прочитајте повеќе »