Бајден и Харис побарале од Нетанјаху прекин на огнот во Газа

Бајден и Харис побарале од Нетанјаху прекин на огнот во Газа

Претседателот на Соединетите Држави (САД), Џо Бајден, во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побарал прекин на огнот во деветмесечната војна во Газа, пишува Ројтерс.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека сè уште има празнини меѓу Израел и милитантите на Хамас кои владеат со палестинската енклава во напорите за прекин на огнот, но дека „сега сме поблиску отколку порано“.

„Двете страни мора да направат компромиси“, рече Кирби.

Портпаролот на Стејт департментот Мет Милер пак изјави:

„Мислам дека пораката од американската страна на тој состанок ќе биде дека треба да го завршиме овој договор“.

Посетата на Нетанјаху на САД се совпаѓа со промената на американската политика. Во неделата, Бајден (81) се повлече од претседателската трка во САД под притисок на колегите демократи и ја поддржа Камала Харис за претседателската номинација на партијата во 2024 година.

„Имаме многу да разговараме“, рече Бајден посакувајќи му добредојде на Нетанјаху во Овалната соба.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му оддаде почит на Џо Бајден за „50-годишната поддршка за државата Израел“.

„Од горд еврејски ционист до горд ирско-американски ционист, сакам да ви се заблагодарам за 50-годишната јавна служба и 50-годишната поддршка за државата Израел“, рече Нетанјаху.

Состанокот се случи еден ден откако израелскиот премиер одржа говор пред Конгресот додека илјадници пропалестински демонстранти демонстрираа надвор.

Нетанјаху се соочува со притисок и во Израел и во странство да ја прекине војната во Газа, која сега е во нејзиниот деветти месец. Тој рече дека го познава Бајден 40 години, но и дека претседателот го познава секој израелски премиер во изминатиот половина век.

Нетанјаху, исто така, рече дека со нетрпение очекува да работи со Бајден „на големите прашања што претстојат“ во следните неколку месеци.

Нетанјаху се сретна одделно и со потпретседателката Камала Харис. Харис на 25 јули рече дека го повикала израелскиот премиер наскоро да постигне договор за прекин на огнот со Хамас, која беше прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ, а со цел десетици заложници држени од милитантите во Газа од 7 октомври можат да се вратат дома. Харис рече дека имала „искрен и конструктивен“ разговор со Нетанјаху во кој го потврдила правото на Израел да се брани, но исто така изразила длабока загриженост за високиот број на жртви во Газа во текот на деветмесечната војна и страшната хуманитарна ситуација таму.

Во петок (26 јули), поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп треба да го прими во неговата резиденција во Мар-а-Лаго.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Дали Фолксваген е „случај за санација“?

Дали Фолксваген е „случај за санација“?

Фолксваген не ја исклучува можноста некои од неговите производствени локации во Германија целосно да исчезнат. …