Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Изјава на Весна Баковска, Комисија за образование на СДСМ

Втор ден од учебната година а родителите на децата со потешкотии се се повеќе гневни затоа што и денес нема образовни асистенти. Нивните деца се дискриминирани на почетокот на учебната година! Наместо во училишните клупи, седат дома бидејќи министерката за образование, Весна Јаневска, не ја заврши навреме постапката за вработување на образовните асистенти.

Родителите се во агонија како да ги организираат секојдневните обврски бидејќи нивните деца не може да следат настава, а министерката наместо да покажае разбирање и емпатија, ја лаже јавноста дека проблемот ќе биде решен деновиве.

Процедурата за вработување на образовните асистенти започна пред неколку дена и ќе трае цел септември, што значи дека децата со посебни потреби од настава ќе изгубат месец дена. Уште поголем проблем ќе биде ако по месец дена добијат нов асистент кој ќе треба да го прифатат и да се прилагодат.

Весна Јаневска да престане да лаже! Зема над 115.000 плата! 3,5 пати поголема плата од наставниците и професорите. Требаше со време да мисли на децата со потешкотии и на нивните семејства пред почетокот на учебната година!

Прочитајте повеќе

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка

СДСМ: Мицкоски срамно ги брани виновниците за националното понижување во Бугарија

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на …