пожар

ЦУК: Вкупно 40 пожари во последното деноноќие

Од ЦУК информираат и дека под контрола се ставени пожарите во гевгелиското село Негорци, во Општина Кичево, кај селата Зајас и Бачишта, и во Општина Кочани, кај месноста викана Панаѓур, кај одморалиштата на Пониква.

Во последното деноноќие имало вкупно 40 пожари, од кои 25 се изгаснати, шест се ставени под контрола додека активни се девет пожари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активните пожари се во околината на општина Македонски Брод, кај селото Слатина и кај селата Тажево – Брезница и ЈП „Јасен“, во Демир Хисар, Чашка, Петровец, Студеничани, Кичево, Дебар и Охрид.

Од ЦУК информираат и дека под контрола се ставени пожарите во гевгелиското село Негорци, во Општина Кичево, кај селата Зајас и Бачишта, и во Општина Кочани, кај месноста викана Панаѓур, кај одморалиштата на Пониква.

Под контрола е ставен и пожарот во Општина Македонски Брод, кај село Слатина,  во Општина Пласница, кај село Пласница пожарот е изгаснат, а во село Латово се уште чади. Под контрола е ставен и пожарот во депонијата во Делчево, каде гореше ѓубриште.

ЦУК информира дека изгаснати се четири пожари во Општина Студеничани. Првиот кај Дрешница над село Батинци, вториот кај селата Рамни Габер и Вртекица, третиот кај село Вражале и последниот кај село Долно Количани.

Четири пожари се изгаснати и на територија на Општина Гази Баба.

Изгаснат е пожарот во Општина Илинден, кај село Ајватовци, во Општина Арачиново, кај село Арачиново, во Општина Чучер Сандево, кај селото Горно Блаце.

Изгаснати пожари има и на територија на општините Прилеп, кај село Лениште, во Општина Дојран и Богданци, кај село Фурка кон Богданци, кај село Неготино и кај гробиштата Млаки во Општина Гостивар, во Општина Берово, кај месноста викана Шушлевац, во Општина Брвеница, кај село Милетино.

Во Општина Радовиш изгаснат е пожарот кај селата Подареш и Јаргулица, во Општина Дебар, кај село Бањиште, во  Општина Куманово, кај селата Черкези и Романовце, во Општина Крива Паланка, кај Конопница. Три пожари се изгаснати во Општина Струга, кај селата Калишта, Враништа и Велешта и во Општина Делчево, кај село Полето.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Секретаријатот за родова еднаквост заборавен, ниту еден сигнал од власта на РСМ

Работата за предлог законот за родова еднаквост, врз основа на кој е предвиден овој секретаријат, …