Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Одлуката на надлежните следува откако родители реагираа на социјалните мрежи и негодуваа децата да бидат на училиште во овие жеешки денови, во неклиматизирани училници.

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17 јуни, Министерството за образование и наука препорачува основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, наведено е во последното соопштение од МОН.

Ова следува по реакциите на родители на социјалните мрежи, кои негодуваа децата да бидат на училиште во овие жеешки денови, во неклиматизирани училници.

„Сепак, да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува. Училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат. Да се насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода. Да им се препорача на учениците да не конзумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден“, наведено е во соопштението на МОН.

Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, а согласно Здраствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните.

Прочитајте повеќе

дизел

Поевтинуваат бензините и дизел горивото

Малопродажната цена на Еуросупер БС 95 изнесува 73,5 за литар, а малопродажната цена на Еуросупер …